Најмалку тројца се убиени во вооружен напад во банка во Синсинати

89

Најмалку три лица биле убиени во напад во американскиот град Синсинати, каде вооружено лице отворило оган во банка во центарот на градот.

Локалните медиуми јавуваат дека полицајци интервенирале и размениле оган со напаѓачот. Засега се потврдени три жртви и тројца ранети, а и напаѓачот бил убиен. Инцидентот се случил во деловен центар, а очевидците велат дека слушнале најмалку 15 истрели за време на нападот. Според сведоците, една од жртвите е жена која влегла во банката откако нападот почнал – поради слушалките кои ги носела не ги слушнала повиците да не влегува во зградата.

Засега не се објавува идентитетот на напаѓачот или неговиот можен мотив. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...