Три лица загинаа, а околу 30 се повредени во неколку експлозии кои се случија денеска во близина на избирачките места во главниот град на Авганистан, соопштија локалните власти.
Министерството за внатрешни работи информира за околу 15 експлозии во земјата во близина на гласачките места.
Во Авганистан денеска се одржуваат парламентарни избори, освен во провинцијата Кандахар, каде гласањето е одложено за една седмица по убиството на локален полициски началник.