Најмалку седуммина загинати во терористички напад во Најроби

84

Припадници на терористичката група Ел-Шабаб денеска извршија напад врз луксузен хотел и комплекс во главниот град на Kенија, Најроби, и според полицијата има најмалку седум жртви.

Вооружени напаѓачи фрлија бомби врз возила на паркинг од хотелот и потоа упаднале во хотелот каде еден од нив активирал експлозив што го носел на себе, изјави полициски командант.

Врз основа на изјави на сведоци кои виделе безживотни тела во тој комплекс во кој се повеќе бизнис згради, се претпоставува дека има најмалку седум загинати. Акцијата на безбедносните сили се уште трае.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...