Најмалку по една еко-акција во министерствата до Нова година

130

Mинистерствата, органите во состав на министерствата и самостојните органи на државната управа во декември 2018 и во текот на јануари и февруари следната година да спроведат најмалку по една акција со којашто ќе придонесат во борбата против аерозагадувањето, како и за заштитата на животната средина. Оваа одлука ја донесе Владата на 109-тата седница.

Како што информираат од владината прес-служба, задолжените институции ваквите еколошки акции треба да ги спроведат во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање, со локалните самоуправи, како и со граѓанските организации и за тоа да ја информираат јавноста.

– Препорака за вакви еко акции Владата упати до единиците на локалната самоуправа, додека на јавните претпријатија, правните лица со јавни овластувања и на акционерските друштва во државна сопственост, Владата им укажа да реализираат активности со коишто ќе придонесат кон намалување на загадувањето на воздухот –  се наведува во соопштението.

По евалуацијата на остварените резултати, во февруари следната година повторно ќе бидат упатени вакви задолжувања и препораки, за пролетниот период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...