Најмалку пет жртви поради исклучително ниските температури во САД

74

Најмалку пет лица починаа како последица на бранот многу студено време, кое зафати неколку американски сојузни држави.

Најмалку 55 милиони жители на САД во наредните денови ќе се соочат со рекордно студено време и ниски температури, кои ќе се спуштат до минус 53 Целзиусови степени. Научниците таквите ниски температури ги образложуваат со метеоролошкиот феномен наречен „поларен вртлог“.

Чикаго ќе биде постуден од Антартикот, наведува Би-Би-Си, додавајќи дека такви ниски температури се случуваат еднаш во 25 години.

Поради исклучително ниските температури, во Чикаго денеска не одат на училиште околу 360.000 ученици.

Најниска температура во Чикаго е измерена на 20 јануари 1985 година, кога била минус 27 степени. На Бадник 1983 година, темпетатурата во тој град, поради ветрот, се спуштила на 57 септември под нулата.

„Њујорк тамјс“ пишува дека „поларниот вртлог“ носи опасно ниски температури поради што училиштата и универзитетите ќе бидат затворени.

Во северозападиот дел на САД се затворени илјадници училишта. Освен училиштата затворени се и многу владини агенции.

Полицијата информира за пораст на криминалот на улиците на Чикаго, каде крадците наводно на луѓето им се закануваат со пиштоли и им ги крадат јакните и бундите.

Вонредна состојба е прогласена во државите Висконсин, Мичиген, Илиноис, Алабама и Мисисипи, а властите во Ајова ги предупредија граѓаните додека престојуваат на отворено да не вдишуват длабоко и да не зборуваат многу.

Американскиот метеоролошки завод објави дека и само 10 минути престој на волку студено време би можело да доведе до сериозни смрзнатици.

Научниците објаснуваат дека ниските температури се последица на пораст на температурата во стратосферата над Северниот пол, на висина меѓу 20 и 30 километри. Причината е арктичкиот воздушен лак, кој се одделил од поларниот вртлог, а кој инаку кружи околу Северниот Пол.

По тој повод се огласи и претседателот Доналд Трамп, кој на Твитер напиша „на преубавиот Среден запад“, температурите достигнуваат до минус 60 степени и луѓето не можат да издржат надвор ниту неколку минути.

– Што всушност се случи со тоа глобално затоплување? Те молам, врти се брзо, ни требаш – напиша Трамп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...