Најмалку петмина загинати при експлозија во Ирак

46

Најмалку пет лица загинаа, а 16 други се ранети денеска при експлозија на автомобил-бомба во ирачкиот град Тикрит.

Како што соопшти ирачката полиција, при експлозијата се уништени или оштетени уште десетина други возила.

Досега никој не презеде одговорност за нападот. Во минатото слични напади организраше џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...