Едно лице загина, а три други се водат како исчезнати, при експлозија на танкер за нафта во Хонг Конг, соопштија денеска претставници на противпожарната служба на овој кинески автономен регион.
До експлозијата на танкерот, кој имал виетнамска регистрација, дошло во текот на подготовките за дополнување на гориво, при спуштањето на сидрото на јужниот брег на Хонг Конг.
Од морето се спасени 21 член на екипажот на танкетот, додека властите соопштија дека едно лице е пронајдено мртво, а четири други се пренесени во болница.
Спасувачките екипи трагаат по тројцата исчезнати членови на екипажот.
ФОТО: Архива