Најмалку двајца повредени при експлозија на гас во Хаг

54

Најмалку две лица се повредени попладнево при уривањето на дел од станбена зграда во холандскиот град Хаг, предизвикано од експлозија на гас, соопшти портпаролот на локалните власти Јохан Карбол.

Карбол информира дека спасувачките екипи од под урнатините на трикатната зграда извлекле две повредени лица, кои биле пренесени во болница.

Според него, акцијата на пребарување на урнатините продолжува, бидејќи не е познато колку лица се наоѓале во зградаата во време на експлозијата.

При експлозијата се оштетени и неколку околни објекти, а делови од зградата се расфрлани и на улицата.

Холандската телевизија РТЛ Њуз претходно јави дека властите ги евакуирале сите жители на зградата, поради опасност од нејзино целосно уривање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...