Најкрвав викенд во Чикаго годинава – десетици ранети и 10 убиени

277

Најмалку 52 лица беа ранети во Чикаго од кои осуммина им подлегнаа на повредите, со што овоj  викенд е најкрвав во оваа година. Тоа го соопшти локалната полиција.

– Две жени биле прободени со нож со што бројот на жртви во градот во викендот е 10 – изјави шефот на чикашката полиција Еди Џонсон.

Во првите 12 часа од викендот бил повреден 31 човек. Полицијата одзела 81 илегално поседувано оружје и уапсила 19 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...