Најпогодни денови за објава пак, се среда, четврток и петок, кога сите се сѐ порастоварени од обврските и поопууштени. На петокот отпаѓаат во просек 17 отсто од вкупниот неделен број коментари и 16 отсто „лајкови“ и споделувања.
Најдоброто време за објавување слика на Инстаграм, е 14:00 часот.
За Твитер пак, луѓето најмногу интерес покажуваат по работното време, па своите размисли и мудрости тука најдобро е да ги објавуваме меѓу 17 и 18 часот, и тоа во понеделник, вторник и среда.
И Линкд-Ин луѓето го посетуваат по заминувањето од работа – најмногу во вторник, среда и четврток, но не и за викендот.