Најдобар начин да спречите мозочен удар

Станува збор за препораките за примарна превенција која се однесува на лица кои сè уште не доживеле шлог.

1028

Во магазинот „Строк“ се објавени нови препораки на здружението на Американската асоцијација за превенција од мозочен удар, кои ја поттикнуваат заштитата на здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Станува збор за препораките за примарна превенција која сè однесува на лица кои се уште не доживеле шлог.

Одборот кој ги составувал препораките ги разгледал сите достапни истражувања и клинички студии за да понуди насоки кои се засноваат на цврсти докази.
Со цел намалување на ризикот од мозочен удар, меѓу препораките спаѓаат медитеранската исхрана, со редовен внес на јаткасти плодови (бадеми, лешници, ф‘стаци), помал внес на сол во исхраната, прекинување на пушењето…

Стручњаците, исто така, напоменуваат дека еднаш годишно потребно е да се посети лекар поради контрола на крвниот притисок кој, ако е благо зголемен, треба да се лекува и да се биде физички активен, правилна исхрана и да се одржува нормална тежина.

Кој има висок крвен притисок би требало редовно да го проверува со домашен апарат за мерење на притисокот. Ако терапијата за висок крвен притисок не дејствува или пациентот од лековите има несакани појави, треба да се посоветува со лекарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...