Ариа Пермана од Индонезија по операција изгуби 65 килограми од својата телесна маса и за првпат по неколку години излезе од дома.
14-годишното момче држи светски рекорд со тежина од 237 килограми. Во април оваа година, Ариа беше подложен на стомачна операција и во моментот тежи само 172 килограми.
Индонезиецот е роден како секое друго дете, но неговата страст за пржена храна и газирани пијалаци му донесе прекумерна тежина. На возраст од осум години веќе тежеше 80 килограми. Со текот на годините неговиот апетит растеше, потрошувачката на храна – исто така.
Арија ретко станува од креветот, а во декември 2017 година бил испратен во болница. Тогаш неговата тежина изнесувала 237 килограми и беше прогласен за најдебелото дете во светот.