Најголема воена вежба во Србија уште од времето на СФРЈ

242
ФОТО: МИА

Припадници на српските Вооружени сили утре ќе изведат тактичка вежба со боево гаѓање под име „Векот на победата 1918 – 2018“, во чест на стогодишнината од победата во Првата светска војна.

Началникот на Дирекцијата за разузнавачко-извидувачки работи на Генералштабот на Вооружените сили на Србија, генерал-мајор Илија Тодоров изјави дека оваа вежба ќе биде ефективна, уникатна и една од најголемите уште од времето на ЈНА.

Според најавите, вежбата ќе се спроведува на десет локации си учество на 8.000 припадници на Копнената армија, Военото воздухопловство, Речната флота и други единици.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во вежбовните  активности ќе учествуваат 100 тенкови, 100 оклопни борбени возила, 100 артилериски и ракетни систем и 24 авиони и хеликоптери, при што ќе бидат употребени од околу 103 тони боева муниција и средства.

Тема на вежбата е “Подготовка и употреба на сили за реакција на српската армија“.

Централната активност ќе се одржи на полигоните „Пештер“ и „Пасуљански ливади“, на кои ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...