Полицијата во австралиската држава Квинсланд е во потрага по разбојник , кој ограбил бензинска пумпа со закана со пиштол.
Разбојникот влегол на бензинската во местото Кабултер околу 23:30 часот со торба на главата од блискиот супермаркет. Со торбата се обидел пред камерите да го скрие својот идентитет.
Вработената под закана со пиштол му ги дала парите и цигарите што ги побарал крадецот. Но, во еден момент, за да ги стави некаде цигарите, разбојникот ја тргнал торбата од глава и се покажал пред камерите.
Потоа, полицијата лесно го идентификувала, па дури во потерницата дала опис и на неговите сини очи.
FOTO: Printskrin/Jutjub