Новиот хрватски министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, според имотниот лист, е најбогатиот министер во Хрватска.
Неговата нето плата изнесува 20.516 куни (2.778 евра), но таа е занемарлива со оглед на вкупната вредност на неговиот имот и сопругата, што изнесува 28,5 милиони куни (3,8 милиони евра).
Министерот Радман, како што се наведува во имотниот лист, поголем дел од имотот го добил како подарок – стан во Загреб, куќа во Стрмец Стубички, дел од куќа во Привлака и градежно земјиште во Привлака.
Сепак, се стекнал и со личен капитал, како стан во Загреб од 147 квадрати. И неговата сопруга поседува недвижен имот.
Радман е сопственик на фирмата „ИнтерПлод“, има акции во компанијата „Агропротеинка“, како и заштеда од 1.152 милиони евра.