Најбогатиот Индиец го купи британскиот бренд Хемлиз

184

Мукеш Амбани, најбогатиот Индиец го купи британскиот бренд, ланецот продавници за играчки Хемлиз стар 260 години. Вредноста на договорот не се соопштува.

„Рилајенс брендс лимитид“, чиј сопственик Амбани, соопшти дека е потпишана спогодба со компанија од кинескиот конгломерат „Си банер интернејшенл“.

„Рилајенс индустриз“ веќе поседуваат 88 погони на Хемлиз во 29 индиски градови.

Хемлиз е основан 1760 година и е најстариот производител на играчки, а поседува вкупно 167 продавници во 18 земји. Лани компанијата пријави загуба од 9,2 милиона фунти, посочувајќи го Брегзитот и заканите од тероризам за одговорни за сè тоа.

Според „Форбс“, 62-годишниот Мукеш Амбани „тежи“ 50,7 милијарди долари.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...