Најбараните терористи, наркобосови и хакери во светот

Инаку Форбс до 2011 година објавуваше листа на најголеми криминалци. Таа година на прво место беше мексиканскиот крал на дрогата Јоакин Гузман „Ел Чапо“, кој е уапсен три години подоцна, за да избега и повторно беше пронајден 2016 година. Уште еден од оваа листа беше ирско-американскиот криминалец Џејмс „Вајти“ Балгер, кој беше уапсен кон крајот на 2011 година откако го препозна сосед и доби награда од 2 милиони долари. Балгер беше претепан до смрт минатата година.

498

Никогаш не користел мобилен телефон. Немал постојана адреса. Долната облека му ја украл информатор. Неговите последни моменти на јавноста и ги откри Доналд Трамп. Таков беше животот на до неодамна најбараниот бегалец на светот Абу Бакр ал-Багдади, лидерот на Исламска држава. После неговата смрт, „Гардијан“ направи листа на најбарани светски бегалци.

Во 2011 година најбаран бегалец беше Јоакин Гузман „Ел Чапо“

Инаку Форбс до 2011 година објавуваш листа на најголеми криминалци. Таа година на прво место беше мексиканскиот крал на дрогата Јоакин Гузман „Ел Чапо“, кој е уапсен три години подоцна, за да избега и повторно беше пронајден 2016 година. Уште еден од оваа листа беше ирско-американскиот криминалец Џејмс „Вајти“ Балгер кој беше уапсен кон крајот на 2011 година откако го препозна сосед и доби награда од 2 милиони долари. Балгер беше претепан до смрт минатата година.

На листата на ФБИ најбаран е лидерот на Ал Каеда

Најпознатата листа на бегалци е онаа што ја води ФБИ. Американското сојузно биро тврди дека околу 93 отсто од оние кои ќе се најдат на листата се фаќаат. Неодамна на листата беше ставен и најстариот бегалец 83-годишниот Еуген Палмер кој е обвинет за убиство на неговата снаа. Но најбаран на оваа листа е Ајман ал-Завахири, лидерот на Ал Каеда за кого е распишана награда од 25 милиони долари. ФБИ има и листа на најбарани кибер криминалци на која денеска се наоѓаат речиси 70 луѓе меѓу кои се руски и кинески припадници на армијата и група поврзана со руското мешање во американските избори во 2016 година.

Еве ја листата на „Гардијан“:

  1. Нигерискиот милитант Абубакар Шекау

Во 2009 година стана лидер на исламистичката група Боко Харам, која се залага за воведување на шеријатско право, а одговорна е за многу напади врз армијата, но и цивили, од кои најпознато е киднапирањето на 276 девојчиња од училиште во Борно.

  1. Новиот лидер на Исламска држава Абу Ибрахим ал-Хашими ал-Курајши

По смртта на Абу Бакр ал-Багдади на 25 октомври годинава именуван е за нов лидер на оваа терористичка организација. Речиси ништо не се знае за него, освен дека доаѓа од истото племе како и Абу Бакр ал-Багдади.

  1. Лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири

Роден е во 1950 година во Египет каде бил хирург пред да му се приклучи на радикалното исламско движење. Лидер на оваа терористичка група стана после смртта на Осама Бин Ладен во 2011 година.

  1. Индискиот милијардер Ибрахим Давуд

63-годишен милијардер од Индија кој го изгради своето царство со помош на изнуди и трговија со дрога. Беше еден од идејните творци на серијата бомбашки напади во Мумбај во кои во 1993 година загинаа повеќе од 250 луѓе.

  1. Синот на нарколидерот Овидио Гузман

Овидио Гузман, познат како „Чапито“ (мал Чапо) е син на познатиот трговец со дрога Јоакин. Откако полицијата го уапси минатиот месец во Кулиакан, на улиците дојде до судири меѓу безбедносните сили и припадниците на моќниот наркокартел Синалоа. На крајот полицијата се повлече и го пушти да избега.

  1. Лидерот на меѓународна банда за дрога Це Чи Лоп

Кинеско-канадскиот државјанин кој се смета за „најбаран човек во Азија“ е лидер на интернационална банда за дрога која има раширена мрежа од Јапонија до Њујорк.

  1. Грчкиот крадец и киднапер Василис Палеокостас

Со прекар „Недопирливиот“, овој грчки крадец и киднапер два пати, во 2006 и 2009 година, избега од ист затвор со тоа што киднапира хеликоптер. Грција нуди награда од еден милион евра за оној кој ќе помогне да се фати.

  1. Мафијаш од старата гарда Матео Месина Денаро

Сицилијанскиот „последен Мохиканец од старата мафија“ и еден од најбараните бегалци од власта се крие од 1993 година.

  1. Гучифер 2.0

Еден или повеќе хакери кои тврдат дека се одговорни за упадот во серверите на американскиот Демократски национален одбор во 2016 година по што во јавност ги објавија документите и мејловите што ги пронајдоа.

  1. Африканскиот воен злосторник Фелициен Кабуга

Денес 84-годишниот воен злосторник го бара меѓународниот суд поради неговата улога во геноцидот од 1994 година во Руанда каде се масакрирани повеќе од 800.000 мажи, жени и деца. Кабуга водел радио станица која повикувала на омраза против малцинството Тутси и е обвинет дека обезбедувал мачети и мотики со кои се убивани Тутси.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...