Обожавателите на починатата пејачка Ејми Вајнхаус, која почина 2011 година, на 27-годишна возраст ќе можат да ја видат повторно на концертна сцена, во облик на холограм, откри нејзиниот татко Мич за британските медиуми.
Идејата за враќање на починатите славни музичари како холограми доби на значење по првиот таков случај со раперот Тупак Шакур на калифорнискиот Коачела фестивал во 2012 година. Сепак, ова има и свои противници.
Настапот на Вајнахаус би требало да се случи 2019 година, како увертира на настап во живо на бенд, кој засега не се открива.
Инаку, деценијава во Европа се одржаа 15 концерти со холограм на Рој Орбисон, а моментно е и негова „турнеја“ во 20 градови во САД.
ФОТО: EPA/STEFFEN SCHMIDT