Најавена премиера на претпродолжението на „Сопранови“

229
ФОТО: Ејч-Би-О

Продуцентската куќа „Ворнер Брос“ го најави датумот на премиерата на претпродолжението на хит-серијата „Сопранови“, првично насловено „Сите светци на Њуарк“, а сега наречено само – „Њуарк“.

Овојпат се работи за филм, а не за серија и приказната го следи ликот на Тони Сопрано во младоста. Во серијата, Сопрано го глумеше холивудската легенда Џејмс Гандолфини, а младиот лик ќе го толкува неговиот син – Мајкл Гандолфини.

Сценариото и за филмот ќе го пишува креаторот на „Сопранови“ – Дејвид Чејс. Режијата е на Алан Тејлор.

Премиерата е закажна за 25 септември 2020 година.

ФОТО: Ејч-Би-О

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...