Нашите мајки не се плашеле од бременост, ниту од враќање на работа, ниту од јасли

Мајка ми никогаш не била мој личен заложник или некој што има должност да ме забавува и да ми го прави пријатeн престојoт на планетата. Денеска, не е доволно да се направи детството пријатно. Денеска детството мора да биде незаборавно!

978

Како што минуваат годините така и улогата на мајката во општеството се менува, а освен улогата на мајката се менува и улогата на децата. Па така денешните деца растат во сосема поинакви услови на живот од нас.

Некој ќе каже дека денешниот начин на живот е подобар, некој дека оној „нашиот“ бил поправилен, но едно е сигурно – секое време носи со себе одредени промени и новости. Баш за тие разлики пишува порталот Zelenaučionica.com.

Го пренесуваме текстот во целост.

Нашите мајки не се плашеле толку за нас. Не се мудрувало толку околу тоа родителство. Мојот татко не мораше да се нацрта секоја вечер во 20 часот за да ѝ помогне на мајка ми да ме избања. Не толку одамна и јас своето дете го капев сама.

Со една рака го држев бебето, а со другата туш, сапун, пешкир… Не се плашев дека ќе ми падне во кадата. Реално, ниту една мајка не го испушта своето дете туку така.

Мојата мајка не се плашела од бременост, ниту од враќање на работа, ниту од јасли. Од одвојување. Немало кога да мисли дали престојувањето во група ќе остави на мене трајни последици.

Не се занимавала баш со социјалните аспекти на моето раснење. Не трчала на лекар за секоја дребулија.

Целиот текст побарајте го на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...