Деведесетпетгодишниот жител на Њујорк, за кого се верува дека бил стражар во нацистичкиот логор во околината на Полска, допатувал во Германија, откако бил уапсен и депортиран од американските имиграциски власти.
Белата куќа соопшти дека Јакив Палиј бил стражар во логорот Травникиа, каде речиси 6.000 Евреи мажи, жени и деца се убиени на 3 ноември 1943 година, во најголемиот поединечен масакр за време на холокаустот.
САД се обидуваа да го исфрлат Палиј од земјата откако објавиле наредба за депортација во 2004 година, откако водечките членови на владата на германската канцеларка Ангела Меркел се согласиле Германија да го прифати.
„Франкфуртер Алгемаине Цаитунг“ јави дека Палиј стасал со воен авион на аеродромот во Дизелдорф и дека е префрлен во стрски дом во градот.
Палиј емигрирал во САД во 1949 година и добил американско државјанство осум години подоцна, соопшти Белата куќа.
Во соопштението се додава дека тој го прикривал своето нацистичко минато и вмешаноста во кршењето на човековите права, зборувајќи дека Втората светска војна ја поминал работејќи на фарма и во фабрика.
Палиј во 2001 година соопштил дека бил обучуван во нацистичкиот логор во Травник во окупирана Полска во 1943 година.
– Служејќи како вооружен стражар и спречувајќи бегство на еврејските затвореници во текот на нацистичката служба, Палиј играл клучна улога жртвите на Травникија да ги снајде нивната трагична судбина – соопшти Белата куќа.
Сојузните судии му го одзеле американското државјанство во 2003 година и наредиле негова депортација во 2004 година, но ниту една европска земја не го прифаќала.