Националниот оперативен бродбенд план на увид на јавноста

Националниот оперативен бродбенд план ги утврдува националните бродбенд таргетите кои треба во идниот период да се достигнат и утврдува мерки и активностите за нивно достигнување.

98

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја објави работната верзија на Националниот оперативен бродбенд план. Заинтересираните страни имаат рок да ги достават своите коментари и забелешки  до 20 јануари следната година.

Работната верзија на документот ќе биде испратена и до Европската комисија која исто така ќе даде свое мислење.

Како земја кандидат за членство во Европската унија, земјава има обврска да ги усогласи националните политики за развој на електронските комуникации со политиките на ЕУ.

– Во подготовката на Националниот оперативен бродбенд план земени се предвид препораките и регулативата на ЕУ за развој на следните генерации бродбенд мрежи, препораките за користење на државна помош за развој на бродбендот, стратегијата на ЕУ од 2018 година за проширување со земјите од западен Балкан , извештаите на ЕУ за развој на бродбенд пазарите, извештаите од меѓународни институции за развојот на електронските комуникации во регионот (Светска Банка, итн), извештаите и искуството од земјите членки на ЕУ во користењето на државна помош за развој на бродбендот – велат од МИОА.

Националниот оперативен бродбенд план ги утврдува националните бродбенд таргетите кои треба во идниот период да се достигнат и утврдува мерки и активностите за нивно достигнување.

За подготовка на овој документ на почетокот на јануари годинава формирано се четири работни групи:, односно работна група за обезбедување на подобра координација на процесот на мапирање на територијата на РМ со постоечки и планирани идни бродбенд мрежи од операторите, работна група за утврдување на слободни капацитети и нивно идно користење кај постојни електронски комуникациски мрежи и средства изградени со јавни средства, работна група за утврдување мерки и активности потребни за воведување на 5G мобилна технологија и работна група за утврдување предлог мерки за потикнување и зголемување на интересот на граѓаните за користење на бродбенд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...