Национален бизнис форум

Повеќе од 300 учесници ќе разговараат на темата „Европски фондови и програми за економски развој на Република Северна Македонија“. Посебен акцент ќе биде ставен на поддршка на развојот на земјоделството, туризмот, општините и малите и средни претпријатија.

54

Претприемачи од земјава, Бугарија, Хрватска, Албанија, Косово и Србија ќе учествуваат на на денешниот Националниот бизнис форум – Скопје 2019, во организација на Здружението „Обединети бизнис клубови“ (ОБК).

Повеќе од 300 учесници ќе разговараат на темата „Европски фондови и програми за економски развој на Република Северна Македонија“. Посебен акцент ќе биде ставен на поддршка на развојот на земјоделството, туризмот, општините и малите и средни претпријатија.

Веселин Халачев, претседател на ОБК, вели дека е форумот што тие како најголема невладина организација која поддржува мали и средни бизниси во Бугарија, го организираат во Скопје е показател за одличните односи меѓу двете соседни земји и помеѓу нашите бизниси.

Европските фондови и програми во 2020 година, како и оние за периодот 2021-2027 година, новите услови и финансиски инструменти за поддршка на деловните субјекти и општините, се некои од прашањата што ќе се дискутираат на форумот. Повеќето од овие средства се управуваат директно од Европската комисија, за кои се аплицира директно во Брисел, а Република Северна Македонија е квалификувана земја за многу од нив, велат од ОБК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...