Нацевска и Митреска предложени за вицегувернерки

286

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска – Бежоска до Собранието достави предлог за именување на двајца нови вицегувенери.

До Собранието се предлага за вицегувернери да бидат именувани Емилија Нацевска и Ана Митреска.

Двете гувернерски места во Советот на НБРМ се испразнија откако Ангеловска-Бежоска беше избрана за гувернер на НБРМ, а второто со истекот на мандатот на друг вицегувернер.

Емилија Нацевска доаѓа од местото советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции во НБРМ, додека Ана Митреска е директорка во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во НБРМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...