Научно се потврди дека Адора Diamond Garden има идеална микроклима и идеални параметри на квалитетот на воздухот во внатрешната градина за домување
Микроклиматските параметри во внатрешната градина на станбено-деловниот објект Адора Diamond Garden во Скопје, преку измерената температура, релативната влажност, брзината на струење на воздухот и топлинското зрачење, се со оптимални вредности во препорачаните граници. Научна потврда за ова се параметрите од испитувањето на квалитетот на воздухот во внатрешниот амбиент од страна на теренската лабораторија за животна и работна средина и електронска микроскопија на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Измерените вредности на 9 мерни места на различни висински точки во двата атриуми во Адора Diamond Garden во Карпош, покажаа одлични просечни вредности на термален комфор, релативна влажност на воздухот од 43 до 50 % и оптимални микроклиматски параметри, согласно меѓународните ISO стандарди. Резултатите од испитувањето, за што Адора инженеринг како проектант, инвеститор и изведувач на објектот, доби извештај од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, се научна потврда за одличното ниво на квалитетот на воздухот во оваа најголема внатрешна градина за зелено домување во Европа. Испитувањето извршено со современи мерни инструменти од страна на компетентен научен кадар, потврди дека уникатната Дијамантска градина на Адора во Карпош, во внатрешноста има одличен микроклиматски амбиентален комфор, декориоран со 5,5 тони зеленило од природно потекло низ целата висина и сите хоризонтални нивоа на зградата. Објектот, кој на станарите им обезбедува релаксирано зелено домување, со изобилство природна светлина, свеж воздух и покрив со поглед на природно небо од двата атриуми, со потврдено идеални услови за опстанок на растенијата и за живот на станарите, е добитник на наградата од Светската маркетинг организација за воведување на Boutique концептот на домување во југоисточна Европа.