Истражувачи од Универзитет на Аризона соопштија дека оствариле голем напредок во развојот на средство за контрола на размножувањето на комарците, чија цел е спречување на ширењето маларија и други болести одговорни за стотици илјади смртни случаи годишно.
Тие откриле протеин кај женките комарци кој, доколку се блокира, положените јајца се со аномалии што предизвикува угинување на ембрионот во нив. Така ќе се уништат голем дел од комарците, но не и други, корисни инсекти, како што е пчелата.
– Ова е важно откритие… Со него се елиминира отпорноста на комарците и има многу поголеми шанси да биде био-безбеден (за разлика од други слични методи) – изјави шеф на универзитетскиот Оддел за хемија и биохемија, Ројзер Мајсфелд.
Според Светската здравствена организација (СЗО), од околу 216 милиони луѓе кои заболеле од маларија во 2016 година, дури 445.000 починале, претежно бебиња и мали деца во Субсахарска Африка. По маларијата следат вирусот зика, жолтата треска, чикунгуња, западнонилската треска и денгата, кои последниве децении се во постојан пораст.