Научниците чекор поблиску до вештачки ембрион

93

Меѓународен тим научници смета дека се блиску до создавање вештачки ембрион, по користењето на матични клетки од глушец, чија структура овозможува натамошен развој на клетките и ембрионот.

Научниците веруваат дека во иднина ќе може да се создаде и вистински човечки ембрион, што ќе овозможи подобро проучување на раните фази од развојот на човекот, преку вештачки, а не вистински ембрион.

Тимот е предводен од Магдалена Зерницки – Гец, од Универзитетот Кембриџ. Тие претходно, во лабораториски услови, креирале поедноставна структура која наликува на ембрион од глушец. Тој експеримент подразбирал два вида матични клетки и тридимензионална структура на која ќе се развиваат клетките.

Сега, научниците развија структура со помош на три типа матични клетки, со што се овозможува процес на т.н. гаструлација. Тоа е суштински важен чекор, кога клетките на ембрионот почнуваат да се самоструктурираат, што значи правилен развој на самиот ембрион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...