Научниците се чекор поблизу до можноста за откривање на аутизам преку крвта

Идејата за крвни испитувања преку кои би се открил аутизмот кај децата, не е нова, но науката е чекор поблизу до нејзината реализација.

258

Неодамна развиениот тест на крвта за аутизам би можел да помогне во раното дијагностицирање на оваа болест. Тоа би можело да значи порани интервенции, а со самото тоа и поповолни резултати за децата кои боледуваат од аутизам.

Оваа нова експериментална метода ги мери метаболитите од примерок од крв, а известување за иновацијата е објавено во списанието Bioengineering & Translational Medicine.

„Со точност од 88 отсто можеме да предвидиме дали децата имаат аутизам“, рекол главниот автор на истражувањето, професор.др.Јирген Хан.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...