Научниците открија нова комета

87

Научниците откриле нова комета за која сметаат дека доаѓа од просторот надвор од нашиот Сончев систем и дека е меѓуѕвезден посетител.

Новоткриената комета се движи кон орбитата на Марс. Се проценува дека има пречник од околу 16 километри.

Кометата, како „меѓуѕвезден посетител“, се најде во соседството, а нејзината траекторија ја утврди астрономот Генадиј Борисов.

Линијата на движење „на далечниот гостин“ е многу искривена,  а брзината и е необично голема, што е уште еден доказ дека кометата потекнува надвор од просторот на Сончевиот систем.

На својот пат, се очекува, таа целосно да ја заобиколи Земјата. Научниците предвидуваат дека дури следната година таа да биде видлива со професионални телескопи.

Брзината на кометата се проценува на околу 150.000 километри на час. Во моментов таа од Сонцето е оддалечена околу 42 милиони километри.

Веста за новата комета ја потврдија и од НАСА и од Европската вселенска агенција, од каде најавуваат дека се уште собираат информаици за неа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...