Научниците конечно открија: Дали побрзо слабеат мажите или жените?

Научниците тврдат дека мажите лесно поднесуваат борба со вишокоткилограми и побзо слабеат од жените.

94

Неодамнешното истражување покажало дека понежниот пол е повеќе опседнат со
храна во однос на мажите и дека околу 25 отсто од жените на диета размислуваат за храна на секој половина час.

Во една друга студија опфатено е скенирање на мозокот на испитаниците така
што истражувачите држеле вкусна храна пред мажи и жени кои не јаделе цел
ден. Заклучиле дека машкиот мозок помалку емотивно и активно реагирал на
храната во однос на женскиот.

На припадниците на посилниот пол им било полесно да ја контролираат желбата за
храна, а нивната предност е и во тоа што имаат побрз метаболизам од жените, и тоа
за 5 до 10 отсто.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...