Научна и уметничка визита во Куќата на Уранија во Охрид

Изложбата за отворањето е насловена „Македонска писменост: Од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на Самоиловото царство под византиска власт (886–1018)“. Автор е академик Ѓорги Поп-Атанасов и за посетителите ќе биде отворена до 7 септември.

133

Научната и уметничка визита која се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид ќе почне во вторник, 7 август, со изложба на ракописи и епиграфски споменици. До крајот на манифестацијата на 27 август ќе има уште шест настани.

Изложбата за отворањето е насловена „Македонска писменост: Од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на Самоиловото царство под византиска власт (886–1018)“. Автор е академик Ѓорги Поп-Атанасов и за посетителите ќе биде отворена до 7 септември.

На 8 август ќе има заедничко предавање на академиците Луан Старова и Васил С. Толе – „Полифонија и Полифонисти“, а се однесува на регистрацијата на изополифонијата на списокот на УНЕСКО на нематеријалното наследство и на романот „Полифонисти“.

Следната програмска содржина на Научната и уметничка визита 2018 е на 11 август кога ќе биде промовирана книгата „Лихнид и Десаретија“ од академик Вера Битракова Грозданова, а на 15 август ќе има оперски концерт на тенорот Влатко Груески во придружба на пијанистот Андреј Наунов.

На 19 август во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид ќе се одржи поетски портрет на академик Радован Павловски, на 24 август ќе има поетско читање во рамки на Струшките вечери на поезијата, а на последниот ден од манифестацијата (27 август) ќе биде промовиран зборникот „За и од Киро Глигоров“ по повод 25-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...