Во овој период од годината главни теми се заедништвото, љубовта и помагањето. Затрупани сме со безброј приказни за тажни судбини на родители кои немаат пари на своите деца да им ја наполнат празничната трпеза, немаат да им купат новогодишни пакетчиња, луѓе на кои им е потребна нашата помош. Но дали мислите дека со празниците завршуваат и нивните потреби? Емпатијата не би требало да биде тема само за време на празници.
Сите ние сме родени со одреден број неурони кои уествуваат во т.н. емпатички одговор, но дали навистина и ќе го имаме, најмногу зависи од тоа дали емпатичкото однесување било обликувано во најраните години од нашето детство. Со други зборови, дали некоја личност ќе одговори на повикот да ѝ помогне на друга личност или на животно кое е е во неволја, зависи од тоа дали родителите и семејството го научиле на тоа во детството.
Без емпатија нема здрави и исполнети односи, врски и социјален живот. Оној кој не може да се стави на нечие место или не ги чувствува емоциите и енергијата на другите луѓе, тешко ќе покаже разбирање, сочувство, љубов, потреба да помогне, да слуша, удобност, поддршка и нема да знае да прифати топлина, нежност и љубов од другите луѓе. Сигурно дека сите родители сакаат нивното дете да живее опкружено со љубов и топлина.
Емпатијата се учи преку социјализација, првенствено во домот, меѓутоа и во градинките и училиштата.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Annie Spratt on Unsplash