НАТО ќе и подари на Црна Гора 3Д радар

71

НАТО ќе и подари на Црна Горa радарски систем 3Д кој ќе биде инсталиран на Бјеласица.

Министерството за одбрана на Црна Горе претходно до НАТО упатило барање за отстапување на радарот, чија вредност изнесува околу 20 милиони евра.

– Можеме да потврдиме дека на црногорските власти им е доделен радарски систем. Овој важен чекор претставува уште еден силен напор да се обезбеди одбрана и заштита на воздушниот простор на земјата, заедно со воздушните полициски сили кои ги обезбедуваат сојузнички авиони од Грција и Италија, изјавил претставник на Алијансата – пренесува РТЦГ повикувајќи се на „Побједа“.

Црногорското Министерство за одбрана не ја потврди информацијата, но негови претставници  соопштија дека разговорите со НАТО се во тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...