Холандија ги информираше министрите за одбрана од НАТО кои од вчера заседаваат во Брисел, за кибер нападите врз канцелариите во Хаг на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО).
Нападот го изврши ГРУ – руското воено разузнавање,се наведува во соопштение на Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.
Нападот бил неутрализиран со напорите на холандските и британските служби.
Државите од НАТО се задоволни од одлуката на холандската и британската страна да ја посочат како виновник Русија за обидите за поткопување на меѓународниот поредок и меѓународните институции. Русија мора да го запре тоа однесување, вклучително и употребата на сила против соседи, со обидите за влијаење врз изборни процеси, со ширење дезинформации – се додава во соопштението на Столтенберг.
ФОТО: Твитер