НАТО бара Русија да и ја врати на Украина контролата над Крим

132

Пред пет години, Русија со употреба на сила против Украина, нелегално и нелегитимно го анектираше Крим, се вели во денешното соопштение на НАТО. Во него се потенцира дека Алијансата не го признава тој чин и ја повика Русија да и ја врати на Украина контролата над Крим.

„Ова кршење на украинскиот суверенитет и територијален интегритет е сериозно кршење на меѓународното право и сериозен предизвик за евроатлантската безбедност. Силно го осудуваме овој акт, кој не го признаваме и нема да го признаеме. Ја повикуваме Русија да и ја врати на Украина контролата над Крим“, се посочува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...