НАТО бара Русија да го напушти Крим

305

НАТО ја повика Русија да го напушти Крим, а рускиот сенатор од тој полуостров, Сергеј Чеков, повикот го оцени како несоодветен.

Реакцијата на Чеков уследи по изјавата на началникот на Воениот комитет на НАТО, Стјуарт Пич, дека Алијансата не ја признава припадноста на Крим на Русија и ја повика Москва да ги повлече војниците од полуостровот.

-Жителите на Крим живеат во мир и спокојство, а НАТО би сакал да ја дестабилизира ситуацијата на полуостровот. Ним (НАТО) не им се допаѓа начинот на кој се развива Крим, но нема да им го дадеме тоа задоволство, рече Чеков.

Според него, Крим повторно се обединил со Русија легално и праведно, а барањата на претставниците на Алијансата не се соодветни.

Шефот на работната група за меѓународно-правни прашања на Постојаното претставништво на Република Крим при претседателот на Руската Федерација, Александар Молохов, рече дека не треба да се посветува внимание на зборовите на претставникот на НАТО.

-Тој не кажа ништо ново. Редовни ритуални фрази, кои го одразуваат цврстиот и неконструктивниот став на војската на НАТО, рече Молохов.

Во март 2014 година, Русија го анектираше Крим по референдумот кој западните земји го оценија како нелегален, бидејќи, според нив, руските војници го окупирале регионот за време на процесот на гласање.

Заедно со Генералното собрание на ОН, и САД, ЕУ и Турција не го признаваат Крим како руска територија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...