Натоварени руски бродови забележани на Босфор

1070

Два руски воени бродови натоварени со воени возила биле забележани на Босфорот, објави „Дејли мејл“.

Британскиот портал наведува дека бродовите биле на пат кон руската поморска база Тартус на северниот брег на Сирија.
Според „Дејли мејл“, на руските бродови се наоѓаат тенкови БТР-80, камиони „рамаз“ и радари за бомби, кои се користат за откривање на импровизирани експлозивни направи.

На еден од бродовите се наоѓа и чамец ВМК-Т, кој се користи за изградба на монтажни
мостови. Бродовите се снимени на патот кон Сирија, откако во саботата Велика Британија, Франција и САД нападнаа цели во Сирија, поради наводниот напад со хемиско оружје во Дума.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...