Во Првиот основен суд денеска се одржа судењето на поранешниот сопруг на Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ, по обвинението дека извршил семејно насилство врз пејачката, пишува српски „Курир“.
Лазукиќ се товари дека на пејачката и нанел лесни телесни повреди ноќта меѓу 12 и 13 април. Судењето ќе биде отворено за јавност.
Наташа во судот пристигнала еден час порано, за да се сретне со својот адвокат, додека Лазукиќ во друштво со своите правни застапници дошол 10 минути пред почетокот на судењето.
Лазукиќ не сакал да одговори на прашањата од новинарите.
Сослушувањето започнало некоја минута по 11 часот, а по средбата очи в очи, Наташа веднаш ја напуштила судницата, бидејќи поради забраната за приближување која Лазукиќ ја има таа не е обврзана да присуствува на неговиот исказ.
ФОТО: видео