Во Аризона е уапсена 27-годишна наставничка, која е обвинета за сексуални односи со 13-годишен ученик.
Како што пренесе „Аризона рипаблик“, Британи Замора четири пати имала секс со неименуваниот малолетник во својот автомобил и во училницата, а во една прилика ги гледал и друг ученик.
Наставничката, која е во брак, и момчето разменувале пораки со сексуално експлицитна содржина, а во една од пораките напишала дека би дала отказ само за да може да ужива во сексот со него „по цел ден“.
Освен тоа, наставничката му праќала пораки во долна облека и без неа, а во една прилика непристојно се допирале додека останатите деца го гледале филмот во училницата.
Нивната врска ја откриле неговите родители, кои во телефонот на момчето инсталирале апликација за следење на експлицитни пораки.
Британи Замора се наоѓа во притвор во затворот во округот Марикопа, а до судењето, кое е закажано во мај, може да биде ослободена ако плати кауција од 250.000 долари.
– Неговото детство е завршено. Има само 13 години – ѝ рекол на полицијата таткото на момчето.
Тинејџерот изјавил дека не се сеќава кога нивната комуникација од обична прераснала во флертување. Според неговите зборови, често разговарале за она што би сакале да го „прават“ еден на друг.
Наставничката негира каква било вина.