Ренди Чаверија, наставничка по семејни и потрошувачки науки во средно училиште во Тексас, е обвинета за сексуална злоупотреба на свој ученик.
Ученикот им рекол на полициските власти дека, наводно, во октомври двапати имал орален секс со наставничката, објави „Ентертајнмент“.
Учителката, инаку, во мај годинава била прогласена за „најдобра наставничка во средно училиште на годината“.
По скандалот, училиштето ги информираше родителите дека нивната вработена веќе си дала отказ.
Таа се соочува и со можно судско обвинение поради злоупотреба на ученик. с