Наследниците на милијардер кој соработувал со Хитлер даруваат 10 милиони евра како извинување

„Билд ам зонтаг“ објави дека документите до кои дошол откриваат дека таткото и синот Алберт Рајман сениор и Алберт Рајнер јуниор користеле руски цивили и француски воени заробеници како присилни работници.

647

Семејството Рајман, едно од најбогатите германски деловни семејства, за време на владеењето на националсоцијализмот сесрдно ги поддржувало нацистите и користело присилна работа сила, објави „Билд ам зонтаг“.

По објавувањето на овие информации, наследниците изјавиле дека се засрамени и најавиле дека ќе подарат 10 милиона евра во добротворни цели.

Имено, „Билд ам зонтаг“ објави дека документите до кои дошол откриваат дека таткото и синот Алберт Рајман сениор и Алберт Рајнер јуниор користеле руски цивили и француски воени заробеници како присилни работници.

Портпаролот на семејството, Петер Харф кој е и на чело на холдинг компанијата Рајман ЈАБ потврди дека наводите на „Билд“ се точни.

Тој рече дека семејството никогаш не зборувало за нацистичката ера, но оти доказите покажуваат дека таткото и синот, кои починале во 1954 односно 1984 година, заслужиле затвор.

Богатството на семејството во чија сопственост се некои од најпознатите светски брендови како што се „Јакобс“, „Калгон“, „Велла“ и други, се проценува на 33 милијарди евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...