Наскоро 420 милиони долари од Светска банка за македонската инфраструктура

Во рамки на овие проекти спаѓа Проектот за олеснување на трговија и транспорт за Западен Балкан во вредност од 26 милиони. Исто така, тука е проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта во вредност од 70 милиони евра.

188

Бордот на директори на Светска банка набргу ќе ја усвои Рамката за партнерство 2019-2023 со која на земјава ѝ се ставаат на располагање 420 милиони долари. Тие се наменети за проекти во областа на инфраструктурата, пододобрување на климата за стопанисување и инвестирање во човечкиот капитал.

Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски по средбата со директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка.

– Очекуваме следниот месец, Светска банка на својот Борд ќе ја одобри стратегијата за соработка со нашата земја, со Северна Македонија за следниот период, каде што ќе бидат обезбедени 420 милиони долари со коишто ќе се финансира изградба на локални патишта, но и на различни начини ќе се вложува во подобрување на човечкиот капитал во нашата земја. Со тоа ќе се обезбеди подобрување на животниот стандард на граѓаните на Северна Македонија-рече Тевдовски.

Во рамки на овие проекти спаѓа Проектот за олеснување на трговија и транспорт за Западен Балкан во вредност од 26 милиони. Исто така, тука е проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта во вредност од 70 милиони евра. Стратегијата го опфаќа и проектот за реформи во земјоделието за развизвање на дистрибутивни откупни центри, како и проекти за поддршка на реформи за развој на образованието и здравството и проектот за пензиска реформа.

Во рамки на Пролетните средби, делегацијата предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гуверенрката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска ќе оствари повеќе средби со високи претставници на Светска банка, ММФ, ЕИБ и други финансиски институции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...