Наскоро 100 милиони евра евтини кредити за стопанството

Предлог на Законот за гаранција на РМ на обврските по овој финансиски договор влезе во собраниска процедура.

284

Од оваа есен фирмите ќе можат да аплицираат за 100 милиони евра евтини кредити обезбедени од Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Предлог на Законот за гаранција на РМ на обврските по овој финансиски договор влезе во собраниска процедура.

Откако ќе биде усвоен ќе следи потпишување на финансискиот договор за гаранција, по што фирмите ќе може да аплицираат во комерцијалните банки.

– Проектот има за цел обезбедување на свеж капитал за малите и средни претпријатија во насока на поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз – образложи Тевдовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...