Наскоро тендер за изградба на хидроелектраната Чебрен

Се одлучивме за јавно-приватно партнерство за реализацијата на овој мега зафат зашто ако влезе само државата, тоа ќе повлече нов кредит. Сметаме дека тоа сега не ни е потребно и дека со приватен партнер ќе се обезбеди заокружување на финансиската конструкција, рече Заев.

138

Премиерот Зоран Заев најави дека е планирана изградба на хидроелектраната „Чебрен“ преку јавно -приватно партнерство за што е веќе подготвен тендерот.

– Го завршивме административниот процес за подготовка за повик за јавно-приватно партнерство за изградба и за управување со хидроцентралата „Чебрен“. Проценетата вредност на проектот е од 500 до 800 милиони евра. Со капацитет од 420 мегавати, Чебрен ќе биде сериозен регионален балансер на енергетското снабдување не само за нашата земја – изјави Заев во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат.

Тој појасни дека изградбата на хидроелектраната ќе оди преку јавно-приватно партнерство.

– Се одлучивме за јавно-приватно партнерство за реализацијата на овој мега зафат зашто ако влезе само државата, тоа ќе повлече нов кредит. Сметаме дека тоа сега не ни е потребно и дека со приватен партнер ќе се обезбеди заокружување на финансиската конструкција – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...