Наскоро ново државно земјоделско земјиште под закуп

353

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи на подготовка на нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, кои ќе бидат објавени по завршувањето на изборите за претседател на Република Северна Македонија и на локалните избори за избор на градоначалник во општините Охрид, Дебар и Ново Село. Се работи за јавни огласи за давање под закуп на земјоделско земјиште водржавна сопственост за површини до и над 3 хектари, во повеќе региони во државата. Ова го соопшти МЗШВ.

– На јавните огласи земјоделците ќе може да конкурираат за добивање надржавно земјоделско земјиште за земјоделска обработка на едногодишни иповеќегодишни земјоделски култури. На огласите е планирано да се објави вкупна површина од над 15.000 хектари во повеќе региони и тоа: Битола, Валандово, Виница, Велес, Делчево,Демир Хисар, Гевгелија, Крива Паланка, Кичево, Куманово, Кавадарци, Кочани,Крушево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Тетово, Струга, Охрид,Прилеп, Штип и други региони – велат оттаму.

Додаваат дека Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го објави и вториот јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари за вкупно земјоделско земјиште од над 1.500 хектари.

– Овој оглас ќе биде со намена реализација напроект за подигање на земјоделски насади и изградба на објекти за примарнаобработка на земјоделски производи во повеќе региони и тоа: Штип, Гевгелија,Куманово, Неготино, Велес, Свети Николе, Гази Баба, Валандово, Кавадарци,Прилеп и други региони. За правните и физичките лица сопственици на оранжериите и помошните објекти во функција на оранжеријата кои не го искористиле правото да гооткупат земјоделското земјиште во државна сопственост Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство го подготвува третиот јавен повик за купување на земјоделското земјиште во државна сопственост под оранжериите на кој се дава можност сопствениците на оранжеријата и помошните објекти да го купат земјоделското земјиште во државна сопственост определено како технолошка целина на оранжеријата – стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...