НАСА ја лансираше сондата „Ин-Сајт” кон Марс (ВИДЕО)

НАСА, од базата Ванденберг, ја лансираше ракетата „Атлас 5" која треба сондата „Ин-Сајт" да ја пренесе на Марс заради истражување на внатрешноста на планетата.

105

НАСА, од базата Ванденберг, ја лансираше ракетата „Атлас 5″ која треба сондата „Ин-Сајт” да ја пренесе на Марс заради истражување на внатрешноста на планетата.

Сондата ќе патува до целта повеќе од шест месеци, и на 26 ноември 2018 ќе се спушти на Марс, по што ќе почнат геолошките испитувања.

Откако вселенскиот апарат ќе се спушти на Марс, ќе пробие дупка длабока пет метри. Потоа, сеизмомерот со помош на роботско помагало ќе биде преместен директно на површината на Црвената Планета.

„Ин-Сајт” тежи 694 килограми и наликува на своите претходници „Феникс” и „Вајкинг”, кои исто така се триножни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...