НАСА: Сатурн забрзано ги губи своите прстени ВИДЕО

101
FOTO MIA

Според најновите истражувања планетата Сатурн со голема брзина ги губи своите прстени – соопшти НАСА.

Резултатите од истражувањата се темелат врз основа на најновите набљудувања, но и на податоците од вселенските летала Војаџер 1 и 2 со чија помош научниците пред десетина години ја проценија просечната брзина на исчезнувањето на прстените.

Прстените на Сатурн воглавно се составени од парчиња мраз со различни големини – некои се микроскопски како парчиња прашина, други се со големина од неколу метри, а исчезнуваат затоа што Сатурн со неговата гравитација ги привлекува кон себе и тие се спуштаат кон планетата во форма на дожд и смрзнати честички кои кон себе ги влече магнетското поле на Сатурн.

– Ние проценивме дека со тој „дожд од прстени“ може за половина час да се наполни еден олимписки базен – рече астрофизичарот Џејмс О’Доноги од НАСА.

Според него, ако се земе предвид само дождот, прстените за 300 милиони години целосно ќе исчезнат.

Научниците се уште не се сигурни дали Сатурн од самиот почеток имал прстени или тие настанале во подоцнежните фази на неговиот живот, а најновите истражувања се во прилот на споменатата теорија, па можно е прстените да не се постари од сто милиони години.

– Имаме среќа што постоиме во време кога Сатурн го опкружуваат преубави прстени. Но ако тие се краткотрајни, постои можност дека сме пропуштиле впечатливи прстени околу Јупитер, Уран или Нептун со оглед на тоа што тие денес се едвај видливи околу овие планети, рече Доноги.

Како што се наведува, ако прстените настанале во подоцнежна фаза од создавањето на планетата можно е да се формирале при судар на мали замрзнати сателити во орбитата на Јупитер – веројатно поради тоа што нивните орбити биле пореметени од вселенски објекти како астероиди или комети кои поминале покрај нив.

Експертите од НАСА планираат уште некое време да го следат степенот на намалување на прстените и да видат дали тие поминуваат низ сезонски промени.

Инаку на Сатурн му требаат 2094 години да направи круг околу Сонцето, па во текот на тој пат честичките од прстените се изложени на сонцето на различни нивоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...