Oваа седмица на Земјата ќе ѝ се приближи астероид, што НАСА првично го означи како „потенцијално опасен“ и го именува „1999 ЦФ-22“, но сега Агенцијата наведува дека нема потреба за паника, бидејќи астероидот ќе мине на „безбедна оддалеченост“ од нашата планета.
– Можеме со сигурност да кажеме дека следните неколку стотици години нема да има опасност големи објекти да ја погодат Земјата – соопшти НАСА.
Астероидот „1999 ЦФ-22“, кој е едeн во дождот астероиди што неделава ќе мине крај Земјата, е 4,5 пати поголем од конструкцијата на популарниот лондонски Биг Бен.