НАСА дава 16.500 евра за да гледате ТВ, читате, јадете и вршите нужда лежејќи 60 дена

124

НАСА бара доброволци кои за 16.500 евра ќе треба да лежат в кревет два месеца, да читаат и да гледаат телевизија. Пријавите за огласот завршуваат на 24 мај, а тестирањето почнува во септември.

Целта е тестирање на вештачката гравитација, бестежинската состојба и вселенското зрачење. Учесниците во истражувањето ќе лежат во специјализирани кревети два месеца, за да се види како летот во Вселената, односно изолацијата и просторното ограничување влијаат на човековото тело.

Кандидатите ќе имаат телевизор, списанија и други занимливости, а за оваа „работа“ има само еден услов… Тој што ќе биде примен не смее да станува 60 дена од креветот. Значи, ќе гледа ТВ, ќе чита, ќе јаде и ќе врши нужда лежејќи.

Амерканската агенција НАСА го води овој експеримент во соработка со Европската вселенска агенција (ЕСА) и Германскиот вселенски центар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...