Народната партијата на Курц победник на изборите во Австрија

279
ФОТО: EPA / CHRISTIAN BRUNA

Себастиjан Курц и неговата Народна партија победија на денешните вонредни парламентарни избори во Австрија.

Народната партија освоила 37,2 проценти од гласовите, втора е Социјалдемократската партија со освоени 22 проценти, додека трета е Слободарската партија со 16 проценти.

Следат Зелените со освоени 14, 3 проценти и либералите со освоени 7,4 проценти од гласовите, соопшти агенцијата „СОРА“.

Победничката партија има на располагање неколку опции за коалиционен партнер кој ќе овозможи стабилно мнозинство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...